Најточно и најискрено сознание: Каков пенис ја доведува жената до оргазам?

Новото истражување покажало дека, кога станува збор за секс од една ноќ, на жените не им е важна должината на пенисот, туку неговиот волумен.

За потребната студија, која била спроведена на Универзитетот во Калифорнија, на 41 жена им било овозможено да разгледаат 3Д модели на пениси со сина боја. Величините на овие модели се движеле од 10 см должина и 6 см ширина, до 21,5 см должина и 17 см ширина.

Од испитаничките било побарано да изберат еден од 33. модели кои би сакале да го имаат за постојан парнер. За едноноќна авантура жените одбрале пениси со поголема ширина, за разлика од изборот на жените за постојана врска.

Но, кога станува збор за должината, немало разлика помеѓу оние кои одбирале за едноноќна авантура и за постојана врска: во обата случаи жените бирале пениси со должина во просек од 16,5 см.

-Вагината има многу нервни завршетоци кои се сензитивни на притисок и стегање па можно е тие сензори повеќе да ги перцепираат варијациите во ширината на пенисот, отколку на должината.

Пенисот со поголем волумен може да го приближи клиторисот поблиску до вагината во текот на половиот однос, а се смета дека тоа на жената и помага да го постигне оргазмот. Од друга страна, долгиот пенис може да предизвика болка во грлото на матката- објаснува Шанон Леунг, лидерот на ова истражување.

Претходните истражувања кои се заниваа со темата околу тоа дали на жената и е важна големината на пенисот, донесоа различни резултати: истражувањето од 2012., во кое учествувале повеќе од 300 испитанички, покажало дека големината воопшто не им е важна на жените, но оние жени кои доживувале вагинален оргазам- предност им давале на поголемите пениси.

Следното сознание е можеби најточно и најискрено:

Едно друго истражување, спроведено минатата година, покажало дека на жените им е важна големината на пенисот во однос на големината на телото, односно, пенисот да е голем доколку и мажот е со крупна градба.

Но разликата помеѓу претходните и сегашните истражувања е тоа што претходно биле користени само фотографии и описни зборови како „мал“, „голем“, или „долг“, додека во најновото истражување испитаничките добиле 3Д принтани модели на пенис кои можеле да ги гледаат и да ги пипкаат цели 30 секунди.

Интересен е и еден друг дел од истражувањето во кој испитаничките добивале по еден модел на пенис кој требало да го фаќаат и набљудуваат 30 секунди, а потоа по изминати 10 минути, морало истиот пенис да го препознаат во купот од 33 модели.

Се покажало дека по изминатите 10 минути, по „дружењето“ со пенисот, жените биле склони кон преценување на неговата големина.

Ова откритие најверојатно ќе им годи на мажите, посебно на оние кои се загрижени околу големината на својот пенис, затоа што на жените не само што не им е важна големината, туку по некое време имаат тенденција дополнително да ја зголемат во своите мисли.

Извор на фото: istock