Најсочните колачи со кокос познати како ЧУПАВЦИ – никогаш подобри и никогаш побрзи

Потребни состојки:

3 јајца (поголеми)

1,5 чаша (од јогурт) шеќер

1 ванилин шеќер

½ чаша масло

2 чаши брашно

½ прашок за печиво

1 чаша јогурт (од 200 мл)

За натопување:

200 г чоколадо за готвење

150 мл млеко

1 ванилин шеќер

2-3 лажици шеќер во прав

500 г растопен путер или масло

1  пакување кокосово брашно

Постапка:

Јајцата заедно со ванилин шеќерот и шеќерот пенесто изматете ги со миксер. Додадете масло. Уште малку матете со миксер, па додадете брашно со половина кесичка прашок за печиво. Миксајте на најголема брзина со миксер, па на крајот додадете јогурт и промешајте. Смесата излејте ја во намастен и побрашнет калап и печете додека да зарумени на 180 степени.

Чоколадото растопете го на пареа, додадете ванилин шеќер, шеќер во прав, масло и млеко. Тоа сето добро промешајте го на пареа додека да се изедначи смесата.

Готовиот, изладен бисквит исечете го на коцки. Секоја коцка натопете ја во смесата од чоколадо, па после извалкајте во кокос. Оставете добро да излади и послужете.

kuhinjaideje.com