Најмекото печиво кое досега сум го пробала, а на децата им е омилено: ПАМУК ПЕЧИВО

loading...

Потребни состојки:

125 г путер/маргарин

4 лажици јогурт

100 мл млеко

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 јајце

1 сув квасец

550 г брашно

За фил:

По желба димено месо, колбаси, сирење, кашкавал и слично.

1 жолчка

Постапка:

Ставете половина брашно, сол, шеќер и путер на собна температура, додадете млако млеко и квасец, па сето добро соединете.

Во таа смеса додадете јогурт, јајце и со постепено додавање на брашното замесете тесто кое не лепи на рацете.

Оставете го тестото 15 минути на топло место.

За фил ситно исечкајте се’ што сакате, а жолчките изматете ги за премачкување.

Од надојденото тесто правете топчиња со величина на мандарина, па редете ги во плех.

На секое топче со прст притиснете во средина за да се добие дупче.

Топчињата премачкајте ги со изматена жолчка. Во секое дупче ставете фил и добро притиснете.

Оставете го тестото уште 15 минути да надојде. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го печивото додека да добие румена боја.

Печивото навистина е меко како памук, можете да го филувате по желба, да го послужите за појадок, вечера или како закуска со пиво.