Ова се некои од причините поради кои не можете да забремените:

НЕЗДРАВА ИСХРАНА

Ви звучи чудно и нелогично? Но, истражувањата велат дека прекумерниот внес на масти и шеќер може да доведе до проблеми доколку се обидувате да забремените. Затоа, мора да обратите внимание и на тоа како се храните. Исфрлете ја нездравата храна и јадете повеќе овошје и зеленчук.

Здравата исхрана е многу важна. Ако сакате да забремените откажете се од лошите навики. Оставете ги алкохолот и цигарите, а ова важи и за двата пола подеднакво, не само за идната мајка, туку и за идниот татко. На овој начин, со примена на здрава исхрана не можете да изгубите, само ќе добиете бидејќи ви се зголемуват шансите

ПРЕМНОГУ ВЕЖБАТЕ

Треба да вежбате, но да не претерувате. Доколку премногу се исцрпувате може да дојде до секакви проблеми, а меѓу нив е и неплодност.

ПОТХРАНЕТОСТ

Доколку имате некои пореметувања во исхраната, најчесто потхранетост, ќе ви биде потешко да забремените.

СТРЕС

Стресот исто така може да предизвика неплодност. Веројатно преживувате некој стресен период од животот или пак веќе сте навикнале на стресниот начин на живеење што веќе не ни забележувате што ви се случува. А доколку се обидувате да забремените а не ви успева, тоа дополнително ви предизвикува стрес. Затоа опуштете се и релаксирајте се колку што можете повеќе.

ЛУБРИКАНТ

Ако некој од вас користи лубриканти, тогаш треба да користите одговарачки. рН на лубрикантот треба да биде од 7,2 – 8.

ПОГРЕШНА ПРЕСМЕТКА НА ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ

Треба да знаете кои ви се плодните денови. Голем број жени не водат сметка за тоа. Немојте да памтите туку запишувајте, така подобро ќе се снајдете.