Најголема фрустрирачка работа за сите домаќинки е чистењето на фугите помеѓу плочките во бањата. Овој проблем се чини дека е невозможно да се реши.

Меѓутоа, постои начин со кој овие валкани темни линии повторно ќе станат чисти и светли.

За да го направите овој неверојатно едноставен трик, ќе ви биде потребна само една свеќа.

Пред се’, исчистете ги плочките како што вообичаено ги чистите.

Потоа со една обична, нормална свеќа која можете да ја купите во било која продавница, истријте ги фугите помеѓу плочките.

Тоа направете го со дното на свеќата придвижувајќи ја неколкупати горе-долу. За неколку секунди ќе ја забележите разликата. Потоа повторете на обоените места.

Особено внимание обратете на местата кои најмногу доаѓаат во допир со вода. Со овој метод, не само што ќе ги исчистите плочките и ќе ја вратат својата белина, туку ќе ја осигурате и заштитната фолија која ќе спречи натамошно валкање и повторување на дамките.

Со овој неверојатен метод никогаш ќе немате потреба повторно да ги чистите фугите.