Германско-американскиот „татко“ на суровата исхрана и автор на книгата Живот без болести, Ernst Günter своевремено објави интересен рецепт за лекување на артритис, гихт, ишијас, ревма, како и останати воспалителни и болни состојби на зглобовите, колковите, прстите на рацете и нозете, колената и болна пета (трн во пета).

Лекот се состои во вид на облози кои се ставаат на болни места и кои делуваат директно наместото на кое се манифестира проблемот.

Потребни состојки:

1 компир

1 црвен кромид

1 супена лажица ленено семе

200-300 мл вода

Газа, најлонска кеса или проѕирна фолија, завој за фиксација на облогата

Постапка:

Потопете полна супена лажица ленено семе во 200-300 мл вода. Оставете на оган да се вари 10-тина минути додека лененото семе да направи скробна смеса.

Истовремено измијте го компирот и изрендајте го заедно со кората. Изрендајте средна главица црвен кромид. Кога водата со лененото семе ќе излади, додадете ги кромидот и компирот, па сето добро измешајте. Исцедете ја вишокот течност од смесата.

Доколку станува збор за проблеми со прстите од рацете или стапалата, односно трн во пета, смесата ставете ја во стари ракавици или чорапи кои ќе ги облечете па преку нив ќе ставите најлонски кеси кои ќе ги врзете за да не процедува телност од смесата.

На други делови од телото како што се колкови, кочма, ребра, колена и сл. смесата нанесете ја прво на газа па положете ја на заболеното место, по што целата област ќе ја фиксирате со некој завој или проѕирна фолија која смесата ќе ја држи прилепена за болното место. Овие облози е потребно да ги држите преку ноќ, односно во текот на спиење, па наутро се фрлаат а местото се мие со сапун и вода.

Доколку местата се видливи а кромидот евентуално ви ја иритира кожата, односно направи црвенило, кожата прво можете да ја намачкате со некој крем или маслиново масло или можете да ставите подебел слој газа. Истовремено со користење на овие облози, потребно е да започнете со консумирање на рибино масло кое ќе дејствува одвнатре. Постапката повторувајте ја додека можете, односно додека оваа смеса да го „извлече“ заболувањето од телото.

Овој рецепт изако не доаѓа од нашите краишта, сепак се надоврзува на традицијата на нашиот народ, позната одамна во облик на облози од компир и кромид за различни воспалителни состојби. Затоа, доколку имате некој ваков или сличен проблем, пробајте го овој метод бидејќи е природен и ефикасен.