Најдобрата и највкусна диета со ананас за четири дена: ефектот е неизбежен

Диетата трае 4 дена и треба да се придржувате кон пропишаниот режим на исхрана. Но, анансот можете да го јадете во неограничени количини.

Пробајте!

МЕНИ

Појадок: За сите 4 дена – сок од ананас.

Ручек: јадења подготвени од ананас.

Ужина: диетален јогурт со парчиња свеж ананас.

Вечера: супа од зеленчук со парче интегрален леб.

Предлози за ручек:

-Салата со ананас и зелка:

Потребно е: половина свеж ананас, 400 г кисела зелка, лажица сончогледови семки.

Подготовка: Ананасот исечкајте го на коцки. На загреано масло продинстајте ја зелката, додајте го ананасот и 50 мл вода, гответе 10-тина минути, па изладете.

-Ражничи со ананас:

Потребно е: 10 г ананас, 25 г шеќер, 150 г свинско филе, половина лажица црвен пипер, сол, црн пипер, кари, 20 мл слатка павлака, малку вино.

Подготовка: Исечканиот ананас посипете го со шеќер и оставете го половина час. Месото исечкајте го на коцки, премачкајте ги со црвен пипер и заедно со анансот избоцкајте ги на стапче за ражнич. Испечете ги на путер, зачинете.

Сос: Во сокот кој останал во тавчето, додајте вино, слатка павлака и зачинете со сол, црн пипер и кари.