loading...

На последната вечера Исус кршел бесквасен леб: РЕЦЕПТ за најмекиот леб без квасец кој не го дуе стомакот

Бесквасниот леб може да ги содржи сите состојки како и стандардниот леб – освен квасецот (кој се користи за лебот за дарасне во волумен). Лебот без квасец е еден вид на леб кој се изработува без киснење заради удвојување на волуменот. Овој вид на леб е погуст и потежок.

Зошто е добро да се јаде леб без квасец?

-не го подува стомакот

-полесно се вари во дигестивниот систем

-не создава гасови

-помага за контрола на шеќерот во крвта

-подобар избор за оние кои имаат кандида (тие не смеат да консумираат производи што содржат квасец)

-подобар избор за оние што се алергични на квасец (да, има и такви)

Калориите секако зависат од состојките што се содржат во бесквасниот леб, но во едно парче ваков леб (малку подебело од 1 см) содржи околу 180 калории.

РЕЦЕПТ ЗА НАЈМЕКИОТ ЛЕБ БЕЗ КВАСЕЦ

Потребни состојки:

450 г брашно (по избор)

loading...

500 г минерална вода

2 лажици прашок за печиво

2 лажици масло

1 лажица сол, или по вкус

Постапка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Помешајте ги сувите состојки. Додадете ги постепено влажните состојки и замесете со рака. По потреба додадете уште вода.

Тестото префрлете го во калап и оставете да се пече 40-50 минути.

Во бесквасниот леб можете да додавате и различни семки, јогурт или друг ферментиран производ. Ако користите млечни производи, тогаш не користете минерална вода. Исто така, лебот пред печење можете да го премачкате со маслиново масло и да додадете сол и рузмарин.

РЕЦЕПТ ЗА ВЕГАНСКИ ЛЕБ БЕЗ КВАСЕЦ И БЕЗ ГЛУТЕН

Ако сепак сте алергични на глутен ова е едноставен рецепт кој не содржи ниту глутен ниту квасец. Погоден е за вегани бидејќи не содржи безглутенски производи.

Потребни состојки:

370 г оризово брашно

500 мл кокосово или мадемово млеко

1 лажица прашок за печиво

1,5 лажица сода бикарбона

5 лажици мелено ленено семе (или мелено чиа семе)

1 лажичка сол

1 лажица лимонов сок

Постапка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Помешајте ги сувите состојки. Во посебен сад измешајте го млекото со лененото семе и оставете да отстои неколку минути. Потоа замесете тесто кое ќе го печете во калап околу 60-70 минути додека да добие златна боја.

Фото: Матеја Птичар (бесквасен леб со семки и листови од див лук)

loading...