Често се прашувате, колку храна всушност му е потребна на еден возрасен човек? Дали треба да се придржуваме кон бројот на калории или постои некој друг начин за регулирање на телесната тежина за да се сочуваме од потхранетост?

Броењето калории е нецелосно како и секоја друга шема, па може да биде еден вид теоретско насочување, бидејќи точни и прецизни шематски пресметки не може да постојат.

Потребата за храна зависи од многу околности кои постојано се менуваат, па шемите во пракса најчесто се штетни отколку корисни.

Телесната тежина притоа, има извесна улога бидејќи на еден силен човек му треба повеќе храна од еден послаб, на пример. Можеби пак, токму тој послаб човек е повитален, со побрз метаболизам кој повеќе согорува, отколку мирниот, голем и цврст човек, па повторно пресметката нема да биде точна.

На еден весел човек со љубезен карактер, му треба помалку храна од еден незадоволен и мрзлив човек, кој поради неговата душевно зголемена активност, жлездите му работат забрзано. Кај вториот храната побрзо се дигестира и подобро се искористува. Затоа постои една стара поговорка која е вистинита: „Не се живее од она што ќе се изеде, туку од она што ќе се дигестира“.

Постои голема разлика дали работиме во градината со копач и лопата, или седиме на работното столче осум часови. При изборот на храна мораме и на тоа да мислиме.

Исто така, подеднакво е важно на кое поднебје живееме, дали сме на Балканот, во Швајцарија, во Африка или во Калифорнија. Не треба слепо да се следат шемите исто како што не треба слепо да се следи и модата. Единствено можеме да имаме доверба во сопственото тело кое функционира автоматски и во одредени периоди самото си ја регулира потребата за храна.

Па така, доколку ги го слушаме сопственото тело и разум, добро ќе се снајдеме каде и да се наоѓаме: на умерениот појас, на високите планини на север, на тропските степи или пустини. Најважно е да јадеме поприродни производи и по можност да ги одбегнуваме безвредните намирници, односно индустриската храна.

Во исхраната не смееме да бидеме премногу еднострани. Колку повеќе ќе и дозволиме на природата да делува со своите невештачки можности, толку повеќе ќе не води нашиот внатрешен глас кој ќе не известува не само за гладта или жедта, туку и за одредени поединости и евентуалните недостатоци кои можат да се јават повремено.