Една од помачните и непријатни ситуации која може да му се случи на било кого е – забоболката. Здравјето на забите е многу важно, бидејќи ако нешто не е во ред со нив, тогаш и целиот организам не е во ред.

Не ги запуштајте забите, одете редовно на контроли кај стоматолог и секако носете ги кај него и децата уште од најмала возраст.

Многу е важно да ги научите децата да ги мијат забите редовно и правилно и да сфатат колку е важна посетата на стоматолог.

Дали сте слушнале за детето на кое на само тригодишна возраст морало да му се извадат дури 10 заби? Имено, на ова момченце забите му биле толку многу расипани што немало никакви шанси за поправка.

Стоматолозите морале да му извадат 10 заби, бидејќи јадело премногу шеќер.

Меѓутоа, овој проблем може да го предизвика и газираниот пијалак, па затоа е многу важно децата да ги учите здраво да се хранат и да пијат само природни сокови.

Споделете го овој текст со своите пријатели, за да се шири свесноста за штетноста на шеќерот по здравјето на забите. Не дозволувајте и вашите деца да настрадаат како што настрадало ова дете.

Во светот бројни мајки и татковци се соочуваат со истиот проблем и се чувствуваат како лоши родители кога стоматологот ќе им ја соопшти страшната вистина: дека на нивното дете мора да му извадат голем број заби.