Можеби не сте знаеле, но ОВА ќе ви се случи кога ќе престанете со вежбање

Знаеме дека по престанокот на вежбањето мускулите се опуштаат, метаболизмот се успорува, но она што е помалку познато е дека и мозокот пати. Само две седмици пауза е доволно за да се покажат негативните ефекти од кои следните се најопасни:

 Само две седмици пауза се доволни за да се покажат негативните ефекти!

СЛАБЕЕ ПАМТЕЊЕТО

Истражувачите од Универзитетот во Мериленд го скенирале мозокот на постари рекреативци и заклучиле дека протокот на крвта во делот задолжен за учење и памтење значително слабее после десетоднавна пауза од вежбање.

СТАРЕЕ МОЗОКОТ

Една студија во Финска извршила проучување на 10 парови идентични близнаци кои редовно вежбале. Во текот на истражувањето едниот близнак останувал активен и вежбал двапати седмично, додека другиот правел пауза. После три години било утврдено дека постариот брат има повеќе сива маса, област во мозкот задолжена за процесуирање на информациите. Колку повеќе сива маса, толку мозокот е поотпорен на стрес и стареење.

ЛОШО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Студиите покажуваат дека кардио-тренингот е еднакво делотворен за подобрување на расположението како и антидепресивите. Кога вежбаме, телото произведува ендорфин, серотонин, допамин – хормони кои прават да се чувствуваме добро. По престанокот на вежбањето, овие хормони ги нема, па и доброто расположение нагло паѓа, расте напнатоста, бесот, депресијата и се јавуваат проблеми со концентрација