Мокра пита со јаболка, освежително слатко задоволство – лек за душата!

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Потребни состојки:

500 г кори

1 кг и 500 г јаболка

3 лажици шеќер

3 лажици гриз

3 лажици презла

3 лажици мелени ореви

1 пакетче цимет

100 мл вода

100 мл масло

Прстофат сол и шеќер

Постапка:

Јаболката се лупат и се рендаат, па во нив се става 3 лажици шеќер, 3 лажици гриз, три лажици мелени ореви и 1 пакетче цимет. Се промешува убаво.

Во шолја се става 100 мл вода и 100 мл масло, прстофат сол и шеќер. Се ставаат три кори, секоја се прска со течноста и се распоредува од јаболката на почетокот од кората се става малку повеќе и се распоредува по целата кора, се витка во ролат. Исто се постапува и со преостанатите кори.

Се пече на тивко, а за тоа време додека се пече во гезве се става 100 г шеќер и 100 мл вода да зоврие 2-3 минути. Се остава да излади. Кога е печена питата, со лажица се попрскува одозгора.