Риби

Зошто станавте толку лесно ранливи? Тешко е сознанието дека немате на кого да се потпрете и да доверите некому што ве мачи, но и други се во слична ситуација, па не очајуваат.

Значи, не сте исклучок. Обидете се да се усогласите со саканата личност. Можеби таа нуди решение за сите проблеми.

Јарец

Не дозволувајте депресијата да затропа на вашата врата. Свртете се кон хобито и личностите кои делуваат позитивно на вас.

Можни се емотивни проблеми, или пак ги гледате таму каде што ги нема –тие се само во вашата глава, а последица се на несигурност и пречувствителност. Ве очекува сериозен разговор со еден Рак.

Вага

Не ви е лесно, но што да се прави? Доколку рационално ги трошевте психофизичките потенцијали, полесно ќе испливате од здравствените проблеми.

Кога ви е лошо, таа состојба ја одбива околината од вас или создава дополнителни компликации. Тешете се, зашто веќе утре ќе биде многу подобро.

Девица

Вложувате натчовечки напори за да постигнете минимални резултати, па е прашање како тоа ви се исплатува.

Пожелно е да внимавате на она што малку го имате, а тоа е кондицијата. Не се нервирајте за глупости и обидете се да бидете повнимателни во комуникацијата со околината. Внимавајте во сообраќајот.