Потребни состојки:

Готови кори за розен торта

За крем од ванила:

1,5 литар млеко

4 пудинг од ванила

10 супени лажици шеќер

250 г путер-маргарин

250 г шеќер во прав

1 лимон – рендана кора

За овошен крем:

250 г јагоди

3 супени лажици шеќер

300 мл вода

1 пудинг од ванила

1 лимон – сок

50 мл овошен ликер (ако не го правите за деца, а може и без ликер)

Шлаг за премачкување:

200 мл слатка павлака

100 мл кисела павлака

Постапка:

Од 1,5 литар млеко одвојте малку во посебен сад каде ќе ги промешате 4 ванилин пудинзи, а во остатокот од млекото ставете 10 лажици шеќер и ставете на оган да зоврие.

Кога млекото ќе зоврие вмешајте ги пудинзите и варете околу 3-4 минути со постојано мешање додека да згусне. Сварениот пудинг оставете го да излади.

Кога ќе биде млак пудингот во него измиксајте 250 г путер, 250 г шеќер во прав и изрендајте кора од еден лимон. Првиот крем е готов.

Јас користев јагоди зошто ќерка ми ги сака, а ако се прашував јас ќе ставев вишни и малку ликер од вишни.

Овошјето што ќе го користите изчистете го од коски ако има и исечкајте го на ливчиња, додадете 3 лажици шеќер и сок од еден лимон, па ставете на тивок оган.

Кога јагодите или овошјето ќе започне да изпушта сок и кога целиот шеќер ќе се растопи земете рачен миксер и измиксајте колку да нема големи парчиња, а не мора да биде баш пире од јагоди.

Во посебен сад изматете 300 мл вода и една кесичка пудинг од ванила. Во оваа смеса излејте ги јагодите, мешајте неколку минути и тргнете од оган. И вториот крем е готов.

Во моето пакување што го купив за розен торта имаше 10-тина тенки кори.

Мачкајте ги такашто на секоја трета кора ќе ставите обошен крем. Значи 3-6-9 мачкате со овошен крем, а сите останати кори вклучително и последната ги премачкувате со ванилин-кремот.

Колачот оставете го убаво да се стегне во фрижидер до следниот ден.

Мене ми се чинеше дека е низок колачот, па го пресеков на половина и половинките ги ставив една преку друга.

На крај измиксав 200 мл слатка павлака во која пред крајот од миксањето додадов 100 мл кисела павлака. Секогаш во шлагот додавам кисела павлака бидејќи многу ми се допаѓа тој освежителен, кисело-слаткаст вкус.

Тортата декорирајте ја по сопствен избор.