Овој мит долго беше застапен меѓу членовите на фитнес заедницата, но и пошироко.

Дека мускулите се потешки од салото е факт кој фитнес и заедниците за слабеење го негуваат со години и пренесуваат од генерација на генерација со децении, но во реалноста 2 кг сало имаат иста тежина како 2 кг мускули.

Вистина е дека мускулите се погусти од мастите и повеќе набиени, па заземаат помалку место на телото и затоа не изгледаме покрупно како кај салото. Тренерот Отом Калабрезе на фотографија на Инстаграм ја покажал разликата помеѓу 2 кг масти и 2 кг мускули.

-Погледнете како мускулите се компактни, мазни и нежни. Сега погледнете ги мастите. Тие се поголеми, заземаат повеќе место и имаат неправилен облик. Кога тренираме напорно, јадеме здраво, доволно спиеме, тогаш градиме мазни мускули и согоруваме масти. Затоа е многу важно да се земе во предвид уште нешто, а не само бројката на вага, вели тој.

Вистина е дека бројката на вагата не ја соопштува целата приказна. Мускулите не само што заземаат помалку место на телото, туку и го зголемуваат согорувањето на калориите, ја зголемуваат силата, го намалуваат ризикот од повреди и помагаат да добиеме секси издефинирани мускули.

https://www.instagram.com/p/BlBF8D0n_F2/?utm_source=ig_embed