Мевлем за лекување на акни и митесери – кажете им збогум на бубулиците со овој едноставен лек од две состојки

Мед и цимет – добитна комбинација…

Оваа лековита комбинација се користи за лекување за многубројни болести и состојби на организмот, но за лекување на акни, потребни се овие две состојки во следниот сооднос:

Потребни состојки:

  • 3 лажици мед
  • 1 лажица цимет

Постапка:

  1. Медот и циметот добро соединете ги и чувајте ги во соодветен сад (јас користев мед кој го снабдуваме од село).
  2. Мевлемот се нанесува еднаш дневно на заболените места, пред спиење.

Меѓутоа, на мене тоа ми беше непрактично, бидејќи се валка перницата и не можам да спијам цела ноќ на грб. Затоа, јас го мачкам преку ден кога знам дека нема никаде да излегувам. Оставам да делува 4-5 часа, па после се мијам.

Најважно е тоа што дава резултати…после првото нанесување забележав дека црвенилото и болката се намалени, а после 2-3 дена бубулицата ми се повлече. Ова е моето искуство…се надевам дека ќе им помогне и на други. Јас сум од оние кои не сакаат да експериментираат на кожа, ама ова го пробав бидејќи е потполно природно.