Во текот на животот жената минува низ повеќе различни периоди, а за секој од нив, нејзината самосвест игра голема улога. Со здрав начин на живеење и правилно користење на лековитите билни препарати, жената доживува целосна убавина на полната зрелост и многу полесно го пребродува периодот кога се гасат половите функции и период на влегување во менопауза.

Во телото на жената во периодот околу менопаузата се случуваат промени кои се последица на намалено создавање на хормони во јајниците, првенствено на естрогенот. Просечно, веќе после четириесеттата година од животот, создавањето на хормоните во јајниците започнува полека да слабее, што постепено продолжува до 45.година. Од тогаш па уште отприлика за 5-10 години трае преодниот период, за кој обично во обичниот говор се нарекува климактериум. Докторите го преферираат медицинскиот израз перименопауза – за периодот пред престанок на самото крвавење, вклучувајќи ја и годината по престанокот на месечните крвавења.

ЧАЈ ЗА МЕНОПАУЗА

Добро измешајте еднакви делови коњско опавче, боровинки и валеријана. Две лажициод мешавината ставете во 3 шолји врела вода и гответе 30 минути на тивок оган. Преку ден пијте што потопол чај за менопауза.

СИБИРСКИ ЖЕНШЕН

Иако после менопаузата јајниците веќе не произведуваат хормони, останатите жлезди со внатрешно лачење, како што се надбубрежните жлезди, преземаат во некоја мера производство на естроген и некои други хормони. За да се поттикне нивната работа, земајте сибирски женшен секој ден во текот на најмалку три месеци. Може да консумирате половина лажичка течен екстракт еднаш дневно или 250 мг двапати на ден кој ја содржи главната состојка на женшенот. Може да го користите до 6 седмици, но доколку патите од висок крвен притисок, претходно посоветувајте се со лекар.

СПРЕЈ ЗА ЛИЦЕ

Направете ублажувачки ароматераписки спреј за лице како помош кога наидуваат топлотни бранови: 125 мл ружина водичка и 10 капки етерично масло од лаванда, промешајте во шишенце со распрскувач. Добро протресете и чувајте во фрижидер. Прскајте се кога и да имате потреба за тоа.