Сигурно сте се изнаслушале разно-разни „тајни“ за успешни слабеења, но оваа која ја промовора Џени Јан-Худек, навистина звучи како една од најдобрите.

Приказната на оваа жена која се појави деновиве на интернет, сигурно за кратко време ќе стане популарна меѓу луѓето кои се борат со вишокот килограми. Пред две години таа имала 130 килограми и неуспешно се обидувала да ослабе.

По занимање е медицинска сестра, па добро и се познати последиците од дебелината, но тоа никако не и помогнало да се ослободи од несаканата тежина.

Се’ се променило кога на крајот од 2013 година завршила во болница поради проблем со дишењето. Тогаш за првпат сфатила дека најголемата грешка која ја правела во текот на своите диети е – целта.

Наместо да слабее поради своето здравје, таа се обидувала да ги изгуби килограмите само поради својот надворешен изглед.

Смета дека токму тоа била клучната причина поради која несвесно ги саботирала своите диети. Дури кога сфатила како влијае дебелината врз нејзиното здравје, ги средила коцките во глава и донела цврста одлука – да го промени својот стил на живеење и начинот на исхрана.

Таа смета дека здравјето треба да биде главна и единствена цел кај сите луѓе кои се обидуваат да ослабат, без да се фокусираат на конфекцискиот број и обемот на својот струк.

„Започнав да вежбам дома, заедно со една моја пријателка. Бев во толку лоша форма што веднаш по првиот тренинг добив воспаление на мускулите и не можев да се движам неколку дена. Продолживме со вежбањето, а после секој тренинг времето на закрепнување беше се’ пократко“- искрено признава.

Секако, ја сменила и исхраната која претходно била составена од пица, леб, тестенини и брза храна. Одлучила од своето мени да ја исфрли однапред сварената и замрзната храна и да ја замени со здрави намирници.

Повеќе не пиела газирани пијалаци а наместо нив започнала со консумирање на чаеви и вода.

Однапред ги планирала сите свои оброци за да заштеди на време, па благодарејќи на тоа, никогаш не била гладна.

„Што се однесува до мојата крајна цел, сфатив дека не постои крај на оваа „трка“. Важно е да останам здрава и тоа е планот до кој ќе се држам“ – заклучила Џени.