„Идат студени денови, па се сетив на лекот што ми го даваше баба ми кога бев мала. Сега, иако сум возрасна, понекогаш ме загребува грлото од нешто студено или вирус, па повторно си го приготвувам и го консумирам.

Ова е рецептот на баба ми за омекнување на грлото и смирување на кашлицата:

Потребни состојки:

2 супени лажици мед
10 г путер

Постапка:

Медот и путерот оставете ги на собна температура за да омекнат. Кога ќе бидат омекнати, со брзи движења мешајте со лажица додека смесата да се изедначи.

Оваа слатка смеса многу ја сакаат децата (и возрасните) кога се настинати или ги гребе грлото.

Употреба:

По една кафена лажичка трипати на ден, а за помали деца се прилагодува количината или по совет на нивниот лекар. Исто така многу помага следниот рецепт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица шеќер
20 мл вода
1 чаша млеко (200 мл)
1 лажичка несолен путер

ПОСТАПКА:

Шеќерот растопете го на умерен оган додека да добие боја на карамел, па сипете малку вода и почекајте целосно да се растопи. Потоа додајте го млекото, мешајте непрекинато додека да се загрее па тргнете од оган и додајте лажичка путер.

Мешајте додека путерот да се растопи. Овој напиток се пие млак и одлично го омекнува грлото и помага во ублажување на кашлицата. Пред употреба на препарати од народната медицина советувајте се со вашиот лекар.