Маточина: билката која ја враќа радоста во вашиот живот – проверете КАКО

Маточината е една од ретките билки кои истовремено се лековити, мирисни, украсни, зачински, ароматични, медоносни и имаат индустриска примена.

Францускиот билкар Морис Месеж рекол: „За мене оваа билка е кралица на сите стимулирачки билки. На несреќните љубовџии, нервозните, анксиозните, на оптеретени жени, на оние со многу проблеми им ја советувам оваа волшебна билка која го обновува организмот, ја враќа снагата и радоста во животот.“

Оваа прекрасна билка со угоден лимонов мирис е сродник со жалфијата и лавандата.

Пчелите го обожуваат, па затоа носи име маточина (лат.Melissa officinalis), а го нарекуваат и мелиса, матичник, лимонче, лимунка, пчелина метвица, мачина трева…

Во народната медицина се цени и се користи уште многу одамна.

Плиниј го препорачувал за лекување на очи, Света Хилдегард за лекување на депресија, Парацелзиус го нарекол еликсир на животот, а постојат белешки дека и на Шекспир, исто така, му била омилена билка.

Лековито дејство на маточината

Направени се повеќе студии за да се испита лековитото дејство на маточината, особено за тоа како делува врз стрес, несоница и напнатост, а сите ја потврдиле неговата ефикасност.

Во комбинација со билката валеријана е еднакво делотворна како и синтетичкиот лек за смирување – триазолам, но за разлика од него не предизвикува нуспојави.

Докажано е дека маточината ја подобрува концентрацијата и поттикнува подобро размислување и побрзо решавање на текстуални и сликовити задачи.

Исто така, се смета дека поради антиоксидантите кои ги штитат клетките од оштетувања, маточината им помага на заболените од Алцхајмерова болест.

ESCOP (Европски научен фитотераписки комитет) официјално ја одобри оралната употреба на маточината за напнатост, немир и раздразливост.