Одлично решение за приготвување на месо.

Потребни состојки:

500 г месо

2 јајца

1 супена лажица сенф

1 мала лажичка густин

1 мала лажичка сол

зачини по вкус (црн пипер, црвен пипер, сув зеленчук…)

2 мали лажички сусам

Постапка:

Целата тајна е во маринадата. Еве како ќе ја приготвите:

Се мешаат јајцата заедно со густин, сенф и сол. Се додаваат омилените зачини. Месото се сече на парчиња што вам ви одговараат, па се ставаат во маринадата.

Промешуваме и оставаме во фрижидер. Пожелно е да остане преку ноќ во вака приготвената маринада…

На овој начин месото можете да го чувате и неколку денови.

Останува само уште да го испечете, кога за тоа ќе ви притреба. Во тавче, на врело масло се пржи месото од двете страни, претходно поросено со сусам. Се пече многу брзо. Штом зарумени – готово е.

Како гарнир со вакво месо можете да послужите динстан зеленчук. Уживајте во вкусниот и здрав оброк.