Проблемот со опстипација (недоволно или ретко празнење на цревата) засега многу луѓе. Како резултат на опстипација, стомакот е подуен, се појавуваат гасови, непријатно чувство, цревата се преполни со токсини.

Постојат луѓе кај кои опстипацијата претставува толкав проблем, што тие и со денови не можат да имаат успешно празнење.

Многумина грешат кога ќе посегнат по фармацевтските производи, бидејќи, во таков случај проблемот се продлабочува. Мрзливите црева стануваат уште помрзеливи, бидејки се навикнуваат на надворешна помош.

Деновиве во нашиот инбокс стигна интересен рецепт, од наша читателка која се соочувала со истиот проблем и која тврди дека го решила.

Ви го објавуваме во целост:

“Здраво НМД, се викам Марија и живеам во Штип. Со опстипацијата се борам од кога знам за себе, од пубертет. Мислам дека како резултат на опстипацијата имам и вишок килограми.

Сум испробала многу рецепти природни, како и многу чаеви и сите биле неуспешни или со краткотрајно дејство.

Неодамна, во една продавница за здрава храна, паднавме на моабет околу овој проблем со друга муштерика и таа ми го откри овој рецепт, после кој, еве веќе еден месец немам проблем со опстипација.

Ова е рецептот:

Се става 1 литар вода во сад, да се загрее до точка на вриење.

Потоа, садот се трга од оган и во водата се истура двеста грама ленено семе.

Садот се покрива со капак и се остава да преноќи.

Другиот ден, течноста се процедува низ цедалка и се дели на три дела, односно, еднакви третини од течноста се пијат наутро, околу ручек и навечер пред спиење.

Овој чај кој не ме чини многу, бидејќи лененото семе е ефтино, го подготвувам секој ден!”

Ние би додале и дека лененото семе е извонреден извор на Омега масни киселини, помага при чистење на слуз од белите дробови, извонредно е за срцето и црниот дроб.

Може да се користи и сомелено, како додаток на утринскиот појадок, или помешано со јогурт или кефир.