МАЈКИ, што би кажале на ова: Лесно ти е тебе, ти се породи со “Царски рез”

“Па ти, всушност, неси ни родила, мора да е убаво да се биде мајка на толку лесен начин!”

Постов кој на социјалните мрежи го сподели една мајка од Мисури, САД, разби многу предрасуди и предизвика големи дискусии за царскиот рез. На 19 август Raye Lee, која четири дена претходно со царски рез го роди синот Roxas, на Фејсбук објави фотографија на својата породилна лузна.

Таа има напишано и силна порака до сите оние кои овој вид на породување го сметаат како безболно породување и помалку вреден. Има наведено некои од коментарите што ги добила, а кои ја отсликуваат реакцијата на луѓето за нејзиното породилно искуство.

“О, царски рез! Па ти, всушност, неси ни родила. Мора да е убаво да се биде мајка на толку лесен начин”.

Вака гласи еден од нив. Не звучи добро, нели?! Што би направиле вие кога некој би ви упатил вакви зборови?

На овој и на слични коментари Raye одговорила на саркастичен начин:

– Беше многу згодно да се бориш со трудови цели 38 часа пред да ја загубам силата, а срцето на моете бебе престана да чука. Кога ќе ви кажат дека породувањето одлично поминува и дека нема потреба од царски рез, а потоа дека вашето дете умира и дека итно морате на операција … Да, тоа навистина е убаво да се слушне. Тоа не ми претставуваше никаков шок, нели?

Па продолжува:

– Царскиот рез нема никаква врска со мојата физичка неспособност да го родам детето природно и да му го спасам животот.

Оваа мајка објасни дека царскиот рез не е баш пријатен, бидејќи лекарите мораат бебето да го извлечат преку мал засек во долниот дел на стомакот. Исто така, напиша дека закрепнувањето на исечканите мускули на стомакот ни најмалку не се забавни.

– Ова беше најболното искуства во мојот живот. Сега можам да кажам дека припаѓам на групата мајки со лузна која покажува дека мојот стомак е исечен за да го извадат бебето од него.

Lee го завршува постот со порака до оние кои породувањето со царски рез го сметаат искуство на мајките среќници.

– Кога сестрата ќе влезе во собата и ви каже да станете, вие се обидувате, но засеченото толку многу боли што целото тело ви се грчи, а мора повторно да легнете, посакајте им на сите оние кои зборуваат за леснотијата на породувањето со царски рез и кажете им: е..те се, и да во го е..м вашиот став за царскиот рез. Но, јас сум силна жена. Знам дека сум. Не само за себе, туку за својот преубав син. Ќе го издржам и ова и би го издржала истото секој ден само за да го видам неговото насмеано лице.

Постот на оваа жена на Фејсбук доби повеќе од 133.000 лајка, а споделен е повеќе од 123.000 пати. Бројот од минута во минута расте. Raye напиш дека не ни замислувала дека ќе предизвика толку многу внимание, и дека за неа ќе пишуваат Huffington Post, 93,1 ФМ, The Daily Dot ScaryMommy, Yahoo news, Mamamia, iHeartRadio, ViralWomen, The Daily Digest… А на ова мајка и е најважно што кај многу мајки низ целиот свет нашла истомисленички.

– Среќна сум што многумина се согласија дека не можат сите мајки своите деца да ги родат по “природен пат” и дека поради тоа не се помалку вредни, рече Raye.

И ние велиме браво за сите мајки, без оглед на тоа како на овој свет ги донеле своите деца.

Извор: Кукурику