Мајка му ги излечила егземите на синот со сапун од сопственото млеко

Мајка од Шкотска стана медиумска ѕвезда откако дошла до генијална идеја за третирање на егземата на кожата кај своето дете. Јоу Еванс пробала се’ што можела за да му помогне на синот, кој од својот шестмесечен живот се бори со кожни проблеми.

Од третманите со кортикостероди па се до разни креми од аптека, ништо не помагало. Тогаш одлучила сама да направи сапун од издоеното млеко и за радост на сите, овој нејзин трик бил успешен!

„Минатиот месец направив сапун од издоеното млеко за да му помогнам на моето дете кое има проблем со егземи на кожата. Би сакала да имам фотографии од порано, за да ви покажам каков беше порано, а сега кожата му е целосно чиста! – таа го споделила своето искуство на Твитер.

Таа го користела сопственото смрзнато млеко.

„Бев скептична кога го пронајдов, но се надевав дека ќе делува. Резултатите ги надминаа моите очекувања. Дојдовме до точка кога сите бевме уморни од испробување на било какви нови препарати. Тогаш го пронајдов смрзнатото млеко кое беше престаро за да го пие, па затоа одлучив да пробам“ – изјавила таа.

Сега одлучила да направи залихи на измолзено млеко за да може во иднина со домашен сапун да ги третира егземите или било какви други состојби кои евентуално би се појавиле.

„Изгледа како нормален сапун, замо за трошка е помек. Како кога ќе купите скап сапун на база на масла“ – објаснува таа.

Овој сапун е решение за сите кожни заболувања, а на родителите чии деца имаат кожни заболувања може добро да им дојде како природна и евтина идеја со која би можеле да го решат својот проблем.