Јарец

Коскената градба и изразените јагодици им даваат на Јарците одлична предиспозиција да бидат модели. Ова е најфотогеничниот знак во хороскопот.

Овој знак речиси и да не гестикулира, па затоа од изразот на лицето тешко дека ќе прочитате нешто.

Припадниците на овој знак често имаат проѕирно светли очи, посветол тен, коса и веѓи. Нивниот од е одлучен и сигурен. Имаат правилно држење на телото.

Вага

Вагата е синоним за убавина. Убедливо најубав хороскопски знак. Како и кај Бикот, планетата Венера и овде несебично во едно суштество има спакувано совршенство без мана, со тоа што била подарежлива при давањето на убави манири, префинет став.

Кокетни и харизматични, Вагите скоро секогаш ќе испраќаат заводливи пораки.

Скорпија

Богови на харизмата. Имаат магнетна привлечност и неодоливи се. Нивната конституција е ситна и мускулеста.

Очите им се најсилно оружје при заведувањето. Погледот секогаш делува двосмислено и мистериозно. Провокативен став.