Постојат многу народни рецепти за намалување на висок холестерол во крвта. Сите тие различно делуваат кај различни луѓе. Овој рецепт ни го испрати наш редовен читател, господинот Љупчо Митров, кој успешно му помогнал да ги регулира мастите во организмот.

 РЕЦЕПТ:

Потребни состојки:

-3 суви смокви

-1 чаша јаболкова киселина

 Постапка:

Смоквите избоцкајте ги со чепкалка и покиснете ги во една чаша јаболкова киселина. Поклопете и оставете да отстојат цела ноќ. Наутро кога ќе станете, на гладно, изедете ги смоквите. Вкусот не е многу пријатен, но рецептот е делотворен. Може да испиете една чаша вода за да си го помогнете голтањето.

Следниот ден ја повторувате постапката, а смоквите ги покиснувате во истиот оцет.

Коментар на Vera Veci: “Јас правев вака но со две смокви и мислам две недели.Смоквите ми беа вкусни, исто омекнати.Комбинирам со 5 суви сливи и една сува кајсија што е за коски- остеопороза.”