Напитокот како терапија за прочистување се препорачува да се спроведува двапати годишно. Напитокот има убав вкус на освежителниот сок – швепс со цитронска нота.

Потребни состојки: 6 цели лимони, 6 главици лук и 1,5 литар вода

Постапка: Во ладна вода ставете 2-3 лажици сол и цели лимоните спуштете ги да отстојат преку ноќ во солената вода.

Следниот ден добро измијте ја кората. Ова се прави ако лимоните се купечки. Ако имате домашни лимони само добро измијте ги.

Во емајлиран сад налејте 1,5 литар ладна вода. Во ладната вода ставете ги исечканите лимони.

Исчистете го и иситнете го лукот, па и него ставете го во водата (Можете сите заедно и да ги сомелете).

Садот ставете го на оган, а кога ќе зоврие тргнете од оган и поклопено оставете да излади, па преку газа процедете, складирајте во шише и чувајте во фрижидер.

Секој ден се пие по 50 мл наутро на гладно, во текот на 21 ден.

Ги прочистува крвните садови од наслаги, ја подобрува циркулацијата, се користи против воспаленија на дигестивен тракт, настинки, маснотии во к-рв, триглицериди.

Има вкус на цитрон.

Се препорачува да се спроведува 2 пати годишно, наесен и рано напролет за подобрување на имунитетот.