Лосион против опаѓање на косата – на баба Анче и помогна и мене ми помогна!

Овој рецепт ми го даде баба ми како проверен и природен, таа вели дека многу одамна го препишала од некоја стара книга од некој билкар и дека на сосетката, баба Анче и помогнало… и мене ми помогна! Прво ќе ви го напишам рецептот, а потоа ќе ви раскажам што ми се случи мене и како го користев овој лосион.

Потребни состојки:

  • 15 супени лажици исечкани листови од коприва
  • 5 супени лажици цветови од камилица
  • 300 мл винска киселина

Постапка:

  1. Во 1 ½ литар зовриена вода ставете ја копривата (јас користев чај од коприва)
  2. Оставете поклопено 2 часа да отстои тргнато од оган.
  3. После два часа, повторно ставете на оган, ама не смее да зоврие.
  4. Штом се стопли водата, тргнете од оган повторно, па додадете ја камилицата, веднаш поклопете и оставете уште 2 часа.
  5. После процедете па додадете вински оцет. Добро промешајте.
  6. Секоја втора вечер треба да се мачка косата со лосионот и малку да се измасира темето и скалпот.

Пред три години одеднаш почна многу да ми опаѓа косата, па дури ми се направија високи и ќелави залистоци како што е вообичаено кај мажите. Редовно одев кај неколку дерматолози, па дури заминав и надвор од државава, каде и да ми кажеа јас барав спас. Користев еден куп ампули, шампони, лосиони, маски и испив триста апчиња, сето по препорака од лекар, меѓутоа косата и натаму ми опаѓаше.

Пред четири месеци бев многу очајна и отидов кај баба ми да и плачам во скутот, бидејќи ми немаше спас, а мојата коса беше насекаде низ станот и врз облеката. Баба ми ми најде еден рецепт во некој стар тефтер за рецепти и јас веднаш го направив и почнав да го користам. Првите 10 дена ја мачкав косата секоја ноќ; ќе земев козметички туфер, ќе го натопев со лосионот и мачкав прамен по прамен, почнувајќи од темето. Тоа го правев многу внимателно, дури и не го масирав скалпот.

И секој ден, ама буквално, ќе пресечев чешне лук и со пресечената страна ги мачкав местата што ми беа без коса, ода каде најмногу ми опаѓаше косата. После месец дена косата видно престана да ми опаѓа. Морав службено да отпатувам од дома и не можев да си го понесам лосионот со мене, а да не зборувам и за лукот, па така еден извесен период го прекинав третманот. Но сега повторно го направив и морам да ви кажам дека сум пресреќна, на моите залистоци новата косичка што ми порасна е долга 3 см!