Лимон обланди (ПОСНО)

Потребни состојки:

600 г соино млеко

300 г лимонов сок (4-6 лимони)

600 г шеќер

90 г пченкарен скроб (густин)

240 г маргарин

Рендана лимонова кора

Пакување обланди

Постапка:

Во 600 г соино млеко додадете 300 мл лимонов сок, 600 г шеќер, рендана лимонова кора и 90 г пченкарен скроб. Добиената смеса сварете ја на пареа и изладете. Кога филот ќе проврие, намалете го огнот и гответе уште 2 минути.

Во изладената смеса додадете малку прехрамбена боја – лимон и 240 г маргарин.

Оставете филот целосно да излади и да почне да се стега, па добро измешајте.
Со оваа смеса рамномерно филувајте ги обландите, па малку притиснете ги со нешто тешко подобро да се залепат. Кога ќе бидат стегнати, сечете на парчиња и послужете.