Лифтинг ефект: дупнете ги овие капсули и нанесете пред спиење

Кожата на лицето ви изгледа некако лошо и уморно? Сува е, црвена со нерамнини, проширени пори, а лицето изгледа постаро, опуштено и безживотно?

Оваа одлична маска со глицерин (glicerol) и витамин Е ќе го реши овој проблем!

Многу од жените што ја пробале, се колнат дека ова е најдобрата маска за лице која единствено таа им ги решила сите проблеми со тенот: таа затега, ги брише ситните брчки, максимално ги намалува длабоките брчки, ги чисти акните и митесерите, длабински ја храни и хидрира а со тоа ја отстранува сувоста, црвенилото и лупењето на кожата, а воедно ги ублажува и лузните.

Зошто ова навистина функционира?

Сите знаеме дека витаминот Е се смета за витамин на убавината и младоста. Го успорува стареењето на кожата, ги минимизира брчките, го намалува уморот. Кожата ја подмладува и ја затегнува.

Витаминот Е или Tocopherol регенеративно делува врз кожата. Купете витамин Е кој е добиен со ладно цедени пченични ’ркулци, во капсули, за полесно дозирање.

Главната улога на витаминот Е е антиоксидативна заштита од штетното дејство на слободните радикали. Со своето антиоксидативно дејство ја штити кожата од продуктите настанати со природни метаболички процеси и од штетните влијанија на околината.

Го неутрализира оксидативниот ефект на УВ зраците врз протеините и липидите од клеточните ѕидови, а со тоа го спречува и создавањето на слободните радикали кои се важен фактор во процесот за предвремено стареење.

Има противвоспалително делување, го намалува еритемот кој настанува после сончање и го забрзува обновувањето на оштетените клетки, и го скратува времето потребно за лекување на раните.

Го намалула трансепидермалниот губиток на вода, ја хидрира и омекнува кожата. Спречува создавање на липопероксид кој го поттикнува перутењето на кожата и создавање комедон. Ја зголемува активноста на ензимите во кожата.

Глицеринот е вискозна течност без мирис која дава влажност и мекост. Природен е и делува противвоспалително. Ја задржува влагата во кожата формирајќи тенок филм.

Треба да се одбегнува единствено при суво време или доколку престојувате долго во сува просторија, бидејќи ќе ви ја дехидрира кожата.

Состојките додадени во глицеринот подобро делуваат врз кожата.

Додека една состојка ја хидрира кожата, другата ја подмладува и го изедначува тенот, ги намалува порите, црвенилото и лузните.

Не треба да ве загрижува тоа што веднаш, после нанесувањето на маската, кожата станува леплива. Глицеролот брзо ќе се апсорбира во кожата и тоа чувство исчезнува.

РЕЦЕПТ ЗА ПОДМЛАДУВАЧКА МАСКА ЗА ЛИЦЕ

 Потребни состојки за неколку денови:

10 капсули витамин Е

25 мл глицерин, билен (glycerol)

Постапка:

Дупнете ги капсулите витамин Е и истиснете ги во шишенце со 25 мл глицерин (вишокот глицерол истурете го во друго шишенце). Затворете го шишенцето и протресете го за да се измешаат состојките.

И двете состојки можете да ги купите од најблиската аптека.

Навечер, еден час пред спиење, додека читате книга или гледате телевизија, нанесете малку од смесата на исчистено лице. Смесата е густа, леплива и вискозна, и ќе ви ја загрее кожата.

После 40-50 минути, пребришете го лицето со хартиено или влажно марамче, но не се измивајте.

Легнете да спиете. Измијте се наутро, кога ќе станете после спиење.

Третманот трае 14 дена, секојдневно, а по потреба направете нова доза.

Веќе после 6-7 дена ќе забележите дека кожата ви станува свиленкаста а тенот ви се изедначил.

Напомена: не користете глицерол за нега на кожа или коса при многу ниска влажност на воздухот (сув воздух) бидејќи може да ги дехидрира истите.