Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ. Колачот се приготвува за малата пауза што си ја имате за кафе. Многу едноставно и брзо се приготвува, а добивате колач со вкус на баклава, сочен, мирисен, се топи во уста!

Потребни состојки: 4 јајца, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 г гриз, 100 мл масло, 100 мл млеко, 250 г мелени ореви, 200 г брашно и 1 прашок за печиво. За шербет: 500 мл вода и 300 г шеќер

Постапка: Изматете ги јајцата, додадете ги останатите состојки и на крај мелените ореви. Смесата излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен и набрашнет. Печете на 200 степени околу половина час или додека да зарумени одозгора.

Можете врелиот колач да го прелиете со изладен сируп, или пак, изладениот колач да го исечете на коцки, па потоа да го прелиете со топол сируп. Изладениот колач наросете го со мелени ореви.

Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ