loading...

Лекување според хороскопски знак – која терапија најмногу ви одговара

На Биковите им одговараат релаксирачки терапии, додека Лавовите најмногу би сакале да оздрават сами по себе. Пронајдете го вашиот знак и откријте кој метод најмногу би ви одговарал кога станува збор за лекувањето.

ОВЕН – ФИЗИОТЕРАПИЈА И КИНЕЗИТЕРАПИЈА

Со вашиот знак управува Марс, а ако не се движите доволно туку главно седите, може да дојде до застој на енергијата во органите и разни пореметувања, како што се алергии, главоболки и воспаление на очите. За да ги спречите болестите навреме, треба повеќе да се движите – да се бавите со спорт или гимнастика.

Може да ви помогнат физиотерапија, шијатцу и реики масажи, кинезитерапија и реконекција. Би ви одговарале диети на база олигоелементи, железо и бакар.

БИК – ХРОМОТЕРАПИЈА И МУЗИКОТЕРАПИЈА

Вашата мирна и трпелива природа се пресликува и на вашето тело, кое има поспор биоритам. Затоа ви одговараат релаксирачки терапии – хромотерапија и музикотерапија, алтернативни методи кои ја користат силата на боите и звуците со кои владее вашата планета, Венера.

Способноста за лачење на жлездите во организмот, всушност зависи од интензитетот на светлината. Промената на денот и ноќта на различни начини ја стимулира функцијата на епифизата, жлезда која произведува мелатонин кој ни помага да заспиеме.

loading...

БЛИЗНАЦИ – МАКРОБИОТИКА

Бидејќи Меркур е владетел на вашиот знак, вие повеќе го користите разумот отколку емоциите. Иако сте отворени, склони сте на нетрпеливост и нервоза. Исхраната базирана на намирници од природно потекло може да ги спречи или ублажи болестите на дишни патишта, кои вам ви се слаба точка.

Макробиотичката исхрана подразбира консумирање на различни видови интегрални житарици, особено ориз, мешунки, зеленчук, јаткасти плодови и овошје. Се препорачува одбегнување на месо и фаворизирање на риба.

РАК – ХОМЕОПАТИЈА

Хомеопатските лекови се прават со раствори во вода, на елементот со кој управува Месечината. Истата работа која ја предизвикува некоја болест, во минимални количини создава некој вид на вакцина која ја зголемува отпорноста на организмот.

Хомеопатијата ја лекува пореметената енергија која се манифестира низ болест, а лекувањето зависи повеќе од вас отколку од видот на болеста.

ЛАВ – ТЕРМОТЕРАПИЈА

На припадниците на хороскопскиот знак Лав не ги сакаат долготрајните терапии, а најмногу би сакале телото да може само од себе да си оздрави. Затоа лекувањето со топлина може да биде многу ефикасно, бидејќи со вашиот знак владее Сонцето.

Термотераписките средства – вода, парафин, лековита кал или кал измешана со парафин овозможуваат квалитетно ширење на крвните садови, болките се намалуваат, мускулите се опуштаат а метаболизмот се забрзува.

ДЕВИЦА – ФИТОТЕРАПИЈА

Фитотерапијата, односно употреба на зеленчук и растителни екстракти, во склад е со вашата љубов кон природата, но и отпорот кон хируршки интервенции.

Со лековитите билки се внесуваат и многу корисни супстанции (етерични масла, витамини, природни антиоксиданти, флавоноиди, минерали, ензими) а вашиот организам го јакне и го прави отпорен, се подобруваат метаболички процеси и се елиминираат штетните материи од него.

ВАГА – АРОМАТЕРАПИЈА

Поради Венера која владее со вашиот знак, вам најмногу ви одговара ароматерапијата, која ви помага во одбрана на болести или го забрзува лекувањето. Ароматичните растителни масла и есенциите делуваат антибактериски, антимикробно и антивирусно, а маслата исто така го засилуваат ефектот на масажа и лекувањето со допир.

Тоа се методи кои најмногу ви одговараат. Моќта на етеричните масла со време не се намалува, под услов правилно да се чуваат. Бидејќи со вашиот знак владее и Сатурн, ви одговара и металотерапија и кристалотерапија.

ШКОРПИЈА – АКУПУНКТУРА

Со вашиот знак владее Плутон, планетата на регенерација, па затоа побрзо закрепнувате од обично. Не се плашите да се соочите со било каков третман, па и хируршки нож, под услов да може да помогне.

Боцката на шкорпијата, присутна и во симболот на вашиот знак, покажува дека ве привлекува се’ што е остро, па ви одговара акупунктура, алтернативен метод во кој се користат игли. Фиксирани на меридијаните, каналите кои го прекриваат целото тело, игличките помагаат да се воспостави правилен проток на енергијата.

СТРЕЛЕЦ – АСТРОЛОШКА МЕДИЦИНА

Поради Кентаурот – симболот на знакот – кој владее со вашиот знак, може да помогне астролошката медицина. Од наталниот хороскоп на пациентот, докторот астролог може да заклучи кои органи се најподложни на разболување, а преку транзит на планетите може да се одреди најповолниот период за почеток на лекувањето.

Ви одговараат хомеопатски лекови избрани во зависност од планетата која во вашиот хороскоп е „нападната“, што најчесто укажува на слабост на одреден орган или телесна функција.

ЈАРЕЦ – КИРОТЕРАПИЈА, МЕТАЛОТЕРАПИЈА, КРИСТАЛОТЕРАПИЈА

Вашиот владетел Сатурн управува со коските, па затоа ви одговара киротерапија. Освен на зглобовите и коските, оваа терапија поволно делува и на мускулите, на органите за дишење, репродуктивните и органите за варење, нервниот и ендокрин систем. Ви одговара кристалотерапија и металотерапија.

Кристалите концентрираат и пропуштаат одредена бранова должина од светлината која продира во одговарачкиот орган, што поволно влијае на имунитетот, нервозата и депресијата.

ВОДОЛИЈА – ОРИЕНТАЛНА МЕДИЦИНА

Благодарение на владетелот Уран, вие сте со отворен дух, па ве привлекуваат разни облици на алтернативно лекување, јога и медитација. Ви одговара ориентална медицина, масажи и стимулирање на енергетски текови, со лекови на билна основа.

Ѓумбирот има аналгетско делување, па со векови се користи против болести во зглобовите и ревматизам, забоболка и главоболка – сите ваши слаби точки. Коренот од свеж ѓумбир се препорачува за загревање на организмот, препотување и исфрлање на штетните материи, а сувиот корен против кашлица, реума и стомачни тегоби.

РИБИ – ПРАНОТЕРАПИЈА

Емотивни сте и грижливи, па со страв ја преживувате секоја болест. Бидејќи со вашиот знак владее Нептун, симбол на екстрасензитивни способности, не сакате агресивни туку помирни облици на лекување, како што е пранотерапија.

Исцелителот со положување на дланките врз вашето тело, без допир, неговата енергија започнува да се движи кон вашиот организам. Добрата комуникација помеѓу вас ја овозможува прана, виталната енергија, која рамномерно кружи околу вашето тело.

loading...