Најпрво проверете дали каранфилчето што сте го купиле е добро.

ТЕСТИРАЊЕ

За да проверите дали е добро и квалитетно каранфилчето стевете го во чаша со вода.

Ако лебди на површината исправено, тогаш е добро – значи дека содржи квалитетни и лековити масла поради кое е делотворно и ефикасно.

Ако плови хоризонтално или ако потоне во чаша, тоа е знак дека не треба да го користите.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Природниот лек се состои од од зачини со заводнички мирис и вкус- цимет и каранфилче, а многу лесно се приготвува. Овој природен лек го поттикнува метаболизмот и делува многу поволно врз целокупното здравје. Може да послужи и за слабеење.

Циметот, меѓу другото, има способност за регулација на шеќерот во крвта, делува против габичните инфекции, ја намалува подуеноста на стомакот и претставува моќен антиоксиданс.

Каранфилчето не заостанува многу за циметот кога станува збор за лековитите својства. Овој зачин помага за ослободување на телото од токсини, ублажува забоболки и влијае поволно врз здравјето на срцето.

Потребни состојки:

2 стапчиња цимет

30 г каранфилче

5 литри вода

Постапка:

Циметот и каранфилчето ставете ги во вода во стаклена тегла од 5 литри која ќе ја сместите во најдолниот дел од фрижидерот. Оставете да отстои 4-5 денови.

Употреба:

Консумирајте по 100 мл од овој лек (можете да процедете, но не морате), наутро, на гладно.

Кога ќе ви останат само 400 мл од овој напиток, направете нова доза. После испивање на 3 дози, направете пауза од 15 дена, и по потреба повторете го третманот.

ТИНКТУРА ОД КАРАНФИЛЧЕ

Потребни состојки:

20 г каранфилче

100 мл 70% алкохол

Постапка:

Каранфилчето грубо сомелете го, прелијте го со алкохол и оставете го во затворен стаклен сад две седмици. Потоа процедете и консумирајте по 2 до 4 капки, во чаша вода.

Се користи за испирање и гаргарење на усната шуплина и грлото.

ПРИРОДЕН АФРОДИЗИЈАК

Каранфилчето е познат афродизијак. Начин на употреба: пијте по две шолји чај од каранфилче секој ден или косристете по 2 капсули каранфилче во прав, двапати дневно.

Чајот од каранфилче се приготвува на следниот начин:

2-3 каранфилчиња прелијте ги со 250 мл вода и оставете ги поклопени 15 минути, да отстојат. Потоа процедете и испијте.

ЛЕК ПРОТИВ ГРИП И БОЛНО ГРЛО

Научниците ја потврија делотворноста на овој природен лек против настинки и воспалено грло.

Потребни состојки:

200 мл топла вода

1 лажичка свежо рендан рен

1 лажичка мелено каранфилче

1 лажичка мед

Постапка:

Во чаша топла вода измешајте ги состојките и полека пијте. Повремено промешајте за да не се наталожи ренот на дното.

РАСТВОРА ОПАСНИ КРВНИ ГРУТЧИЊА (ТРОМБОВИ)

Научно е потврдено дека каранфилчето е меѓу најздравите зачини во светот поради своите антиоксидативни својства. Постојат и докази дека одредени соединенија во каранфилчето делуваат како антихистаминици. Тоа е еден од најсилните природни растворувачи на крвни згрутчувања.

Данските истражувачи откриле дека каранфилчето посилно делува од аспиринот кога станува збор за растворување на крвни згрутчувања, а сепак, аспиринот на многумина е дел од терапијата за лекување на висок крвен притисок и зголемен холестерол во крвта.

ГО УНИШТУВА РАКОТ НА ДОЈКА

Еугенолот, главното етерично масло во каранфилчето, убива преку 91% клетки на три вида рак на дојка, покажало истражувањето спроведено во лабораториски услови.

Во друго истражување, во кое еугенолот им го давале на глувци, се постигнало успорување на растот на канцерогените клетки во дојката за 78% и тоа за само 4 седмици!

Неодамнешните истражувања ја потврдија неговата моќна активност и против други видови на карцином – на простата, бели дробови, грло и кожа. Индија е една од земјите со најголема потрошувачка на каранфилче, па не е случајно дека во таа земја процентот на заболени од рак на дојка е за 755 понизок отколку во Европа и САД. Затоа, каранфилчето е многу здрав додаток во исхраната која е базирана на органско овошје и зеленчук.

Каранфилчето е зачин кој често се користи, а сепак малкумина ги познаваат сите негови лековити моќи.

Лековити својства на каранфилчето

-Консумирањето на само неколку каранфилчиња може да ви помогне да го исчистите вашето тело од токсини и штетни микроорганизми, што ќе резултира со подобрување на целокупното општо здравје.

-Помага при заштита од оштетувања предизвикани од штетните микроби, и ја стимулира енергијата во секој дел од телото.

-Помага во олеснување на забоболката. Доволно е каранфилчето да го ставите на воспаленото место за да почувствувате олеснување. Присутноста на еугенолот во каранфилчето не му дава само убава арома, туку, помага во затапување на денталната болка и отстранување на бактериите од усната шуплина.

-Има противвоспалителни својства. Каранфилчето поради тоа е одлично за лекување на воспаленија и инфекции.

-Џвакањето каранфилче може да ги ублажи дигестивните проблеми.

-Каранфилчето го подобрува здравјето на срцето и претставува добар избор за дијабетичарите.

-Помага за прочистување на крвта.

Каранфичето се бере во периодот кога е во пупка, пред да процвета

Има карактеристичен, многу ароматичен мирис, со речиси лут вкус. Овие силни зачински својства потекнуваат од високата содржина на етерични масла (околу 25%) кои во најголема мера се состојат од еугенол. Покрај тоа, каранфилчето содржи и масла и танини. Главно се увезува од Мадагаскар. Зимзеленото стебло на каранфилчето нараснува и до 20 метри а најмногу му одговара влажно-топла морска клима.

Бербата започнува штом пупките целосно се развијат и добијат светло црвена боја. Се берат рачно или се тресат со бамбусови стапови, па потоа се сушат на сонце. При тоа се одделуваат плодните петелки кои можат да се дестилираат во масло. Процесот на сушење завршува кога пупките ќе добијат темнокафеава боја и кога ќе бидат дехидрирани со содржина на вода од 12 до 16%.

Еден тон свежи пупки дава 240 килограми суви каранфилчиња

Во кујната се користи за ароматизирање на разни слатки, овошни јадења, пијалаци и конзервирано овошје (компот од кајсии, на пример), но исто така и како додаток на свинско печено и дивеч, темни супи и некои видови колбаси

Каранфилчињата се содржат и во многу видови кари-сосови, зачински мешавини и други сосови. Маслото од каранфилче се употребува во медицината како средство за желудник, антисептик и стимуланс, а неопходно е и во денталната медицина, во индустријата за парфеми и козметика.

Во производството на ликери каранфилчето е една од најчесто употребуваните состојки. Маслото се употребува за производство на сапуни, за осликување на порцеланот, за производство на еугенол, изоеугенол и ванилин.

НАПОМЕНА: Бремени и доилки не треба да користат каранфилче.

Каранфилчето како лек не смее да се користи две седмици пред било каква хируршка операција.