Лек против чир, гастритис, воспалено црево

Доколку имате проблем со гастритис, чир, дебело црево, желудочна киселина и лоша дигестија, како и спор метаболизам, ви го предлагаме овој народен лек. Рецептот е многу едноставен и проверено ефикасен.

За приготвување ви е потребна свежа зелка и соковник. Секое утро треба да исцедите свеж сок во количина од 100-150 мл.
Испијте го на празен желудник и немојте ништо друго да јадете и пиете следните два часа.

Ова повторувајте го 40 дена. Откако ќе ја завршите терапијата проверете ги резултатите и ефектите. Терапијата по потреба можете да ја продолжите колку што е потребно. Доколку немате соковник можете зелката да ја изрендате или сомелете, малку да ја посолите и оставете да отстои. Потоа процедете ја смесата низ двојна газа за да го извлечете сокот.

Освен одличниот ефект на воспалените дигестивни органи, гастритисот, чирот и другите состојби со цревата, сокот од зелка може да придонесе и за други здравствени бенефити.

Ако редовно пиете сок од зелка во текот на 40 дена, би можеле да имате позитивен ефект врз подобрување на крвната слика, намалување на штетниот ЛДЛ холестерол, намалување на крвниот притисок, посјајна и почиста кожа и намалување на телесната тежина за неколку килограми доколку имате вишок.

Зелката е зеленчук со висока биолошка и ниска калорична вредност (24 kcal на 100 г), а просечно содржи 92,52% вода; 1,21% протеини; 0,18% масти и 2,3% диететски влакна.

Најмногу се застапени: витамин Ц (42 мг на 100 г) и бета каротен (провитамин на витаминот А), а потоа следат минералите: калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар. Малите количини на натриум како и поволниот однос на калциум и фосфор осигуруваат максимално искористување на калциумот во организмот.