Леб „народен вез“ – после него уште долго се зборува

Шарите потсетуваат на килими, народни ракотворби, па затоа така се нарекува овој вкусен и здрав леб.

Потребни состојки:

3 чаши бело брашно

1 чаша снегулки од пченични никулци (wheat germ)

1 чаша овесни трици (oat bran)

1 лажица шеќер

1 лажица путер (shortening)

2 лажици маслиново масло

Квасец, сол, млеко, топла вода по потреба за замесување на меко тесто.

За декорација:

1 жолчка со неколку капки млеко

Семки од тиква, алева пиперка, сончогледово семе, оригано суво, мак, сусам, ким, афион

Постапка:

Замесете тесто од наведените состојки и оставете на топло место покриенио, да надојде. Премесете и оставете уште еднаш да одмори околу 15-тина минути.

Надојденото тесто обликувајте го и положете го во калапот или тепсијата за печење.

Жолчката изматете ја со неколку капки млеко и премачкајте го лебот. Оставете малку да одмори, не повеќе од десет минути.

Со четка направете тенка линија по површината на лебот и на тоа место нанесете го првиот зачин. Истото направете го со секое следно нанесување. Прво натопете ја четката во жолчка, повлечете линија, нанесете зачин…повторете ја постапката додека целиот леб го ишарате.

Печете во загреана рерна 30-тина минути. Лебот е прекрасен и по вкус и по изглед.