Ако не сте сигурни колку може да им верувате на своите пријатели, партнери и колеги, проверете дали се наоѓаат помеѓу 3-те хороскопски знаци кои најмногу лажат.

За овие 3 знаци лажењето е најприродната работа на светот, баш како дишењето и испивањето на чаша вода.

Лав

На Лавот му е неопходно да биде во центарот на вниманието. А, за да го постигне тоа често ги преминува границите. Затоа е способен да лаже и измислува.

Ако ги фатите во лага, нема ништо да признаат, туку ќе ви докажат дека вие грешите. Ќе ве убедат дека црното е бело и уште на крај вие ќе излезете оние кои сакаат да се расправаат за ништо.

Риби

На рибите ни малку не им е тешко да лажат за да си ја сочуваат славата. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување, па затоа што веќе живеат во измислен свет, не им е тешко да си измислуваат лаги и приказни.

Толку добро знаат да замачкаат очи што понекогаш и сами си веруваат во своите измислици.

Близнаци

Чувајте се! Близнаците толку лесно ќе ве излажат, како тоа да е најприродната работа во светот. За помалку од минута може да ви ја издадат довербата.

Толку често лажат што веќе не паметат на кој што му кажале, па лесно ќе се фатат во својата стапица. Додека да се свестите, Близнаците може да ве прелажат како се викаат, каде се родени, каде живеат, што работат… Тие не ја извртуваат вистината, тие жонглираат со неа.