Квасецот е добро позната намирница која се наоѓа во секоја кујна. Сите знаеме дека квасецот многу позитивно влијае врз целокупното здравје поради своите хранливи состојки.

А дали сте знаеле дека квасецот можете да го користете и за закрепнување на вашата коса, кожа и нокти? Без разлика дали е пекарски или пивски, квасецот е многу богат извор на хранливи материи.

Квасецот се состои од група квасни организми кои природно ги има во воздухот и на кората од некои овошја. Квасецот содржи дури 16 аминокиселини, 14 минерали (калциум, магнезиум, калиум, фосфор, цинк, бакар и др.) и 17 витамини (Б1, Б2, Б6, Б8, Б12 итн).

Маската за коса од квасец, покрај тоа што е многу едноставна за правење, претставува идеално средство со кое се јакне косата, особено ако е сува, оштетена, ако опаѓа или споро расте.

Благодарение на витаминот Б8, кој во големи количини се наоѓа во квасецот, маската од квасец овозможува брз раст на косата.

Она што можеби е најважно е дека маската за коса од квасец одговара на секој тип коса, а се препорачува дури и за оние кои патат од себореја и првут. Исто така, маската од квасец ја прави косата мека и сјајна.

ДОМАШНА МАСКА ЗА КОСА ОД КВАСЕЦ, МЕД И МЛЕКО

Постојат бројни маски за коса од квасец кои можете да ги направите и така да ја опоравите својата коса и да ја направите поубава, помека и поздрава. Ние ќе ви претставиме една. Која и да изберете – бидете сигурни дека нема да се покаете. Квасецот ќе си го направи своето.

Потребни состојки:

1 лажица мед

1 лажица топло млеко

20 г квасец

1 жолчка

Постапка:

Измешајте мед со млеко и додадете квасец. Добиената смеса оставете ја на топло место и оставете да стои 15-20 минути, да се активира.

Потоа додадете 1 жолчка и добро промешајте. Смесата потоа нанесете ја на чиста и влажна коса. Кога ќе ја нанесете смесата, косата добро завиткајте ја во кеса, па потоа во пешкир, бидејќи потребно е да се постигне одредена температура, за да може квасецот да се развива.

Оставете да делува најмалку од 2-5 часа, па потоа исперете вообичаено. Нанесете регенератор и исплакнете со вода во која сте додале и јаболкова или винска киселина.

Се применува еднаш седмично, во период од 10 до 15 седмици. Ако ви е многу оштетена тогаш применувајте ја двапати седмично.