КУЌНА ДИЕТА: Земете пенкало, запишете и загубете 3 килограми за 3 недели

-Кога говориме за слабеење обично помислуваме на изгладнување и напорни физички вежби.

Но, таканаречената „чиста диета“ е нешто сосема поинакво, а освен губењето на вишокот килограми, гарантира и бројни други погодности поради кои ќе се чувствувате подобро.

Иако за да слабеете потребна е здрава и умерена исхрана, исто така, важно е да се зафатите со некоја физичка активност која може секој да ја практикува.

Станува збор за „куќна диета“ која освен слабеење со себе носи и бројни погодности.

За овој режим изговорите како „немам време“ или „прескапо ми е“ – воопшто не вредат. Затоа земете пенкало во вашите раце и запишете го секој детаљ.

Станува збор, ни помалку ни повеќе, туку за домашни задачи кои морате да сработите во одреден период, а со чија помош вашето тело може да согори голем број калории.

Во зависност од тоа колку често ги повторувате задачите, толку повеќе килограми би загубиле, но ако земеме некој просек, задачите да се повторуваат на три дена, три килограми би загубиле за околу три недели.

Таблица за домашни задачи:

– 50 мин: Миење прозори и бришење прашина – 185 калории

– 30 мин: Шетање на домашното милениче – 200 калории

– 30 мин: Смукање и бришење на подот – 180 калории

– 50 мин: Пазарење и шопинг – 300 калории

– 50 мин: Чистење скали, двор, или подрум – 600 калории

– 80 мин: Готвење и приготвување на оброци – 200 калории