Кубанки: полнети стапчиња

Потребни состојки:

  • 1200 г брашно +-
  • 300 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 г свеж квасец
  • 500 мл млако млеко

За полнење: виршли, кашкавал, или нешто по ваша желба.

За премачкување и наросување: 1 јајце, сусам, ким, крупна морска сол.

Постапка:

Квасецот издробете го во сад, додадете шеќер, 1 лажица брашно и малку млеко. Измешајте, прекријте со крпа и оставете квасецот да се активира.

Потоа додадете го останатото млеко, масло, брашно и сол. Месете кратко (од маслото лесно и брзо се замесува) и оставете тестото да се удвои.

Потоа премесете го, откинувајте мали парчиња, секое парче премесете го и развлечете го по должина. На едниот крај од тестото ставајте исечени ленти од виршла, шунка или кашкавал. Завиткајте, краевите прилепете ги и редете во намастен плех.

Секое стапче премачкајте го со масло, наросете со ким или сусам, па печете на 180 степени во претходно загреана рерна, околу 20 минути или додека убаво да зарумени.

Уживајте во ова преубаво печиво.

Погледнете го видеото со деталната постапка како се прават Кубанки: