Крцкав помфрит БЕЗ капка масло!

За да го приготвите овој крцкав, вкусен и здрав компир потребно е да го исечкате вообичаено како што тоа го правите кога приготвувате класичен помфрит, па да го зачините и убаво измешате.

Потребни зачини:

Сол

Црн пипер

Лук во прав

Магдонос во прав (сув па мелен)

Мајчина душичка или рузмарин

Постапка:

Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го. Додадете ги зачините или по желба додадете она што сакате, измешајте добро, па распоредете врз хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути.

После тоа ќе добиете крцкав и вкусен помфрит без капка масло.

Видео: