Кујната не е можно да са замисли без кујнски крпи, а кои неретко се валкани и смрдливи. Ако не се грижите за хигиената на кујнските крпи, постои голема веројатност дека ќе си го загрозите здравјето.

Во продолжение можете да прочитате едноставни совети кои ќе ви помогнат во чистењето и одржувањето на кујнските крпи:

1.Пред се’, погрижете се пред првата употреба крпите да ги исперете со добар детергент, бидејќи на нив има хемиски остатоци и бацили кои се налепени при производството, боењето и пакувањето.

2.Одберете детергент кој има антимикробни додатоци. Не само што на тој начин ќе спречите создавање на мувла, туку и крпите ќе мирисаат подобро.

3.Добар трик за целосно да ги исчистите крпите и да ги елиминирате спорите од микроорганизмите, добро е да ги извртите во микробранова печка на 30 секунди. Така ќе ги убиете сите несакани микроорганизми.

4.Штом ќе ги исперете, крпите ставете ги на сушење. Никогаш не ги оставајте да стојат влажни во машината или умивалникот, бидејќи на тој начин им овозможувате развој на микроорганизмите.

5.По можност, секогаш купувајте 100% памучни, бели крпи. Можеби на нив ќе се забележува нечистотија, ама поедноставно се одржуваат. Освен тоа, бојата со текот на времето ќе избели и нема да изгледаат ново.

6.Во машината перете ги посебно, на висока температура. Потоа можете да користете избелувач за да ги отстраните несаканите мириси. Зако замена за избелувач, добри се алкохолната киселина или сода бикарбоната, само внимавајте никогаш да не ги користите истовремено.

7.За кујнските крпи не додавајте омекнувач за алишта. Омекнувачот им ја намалува способноста за впивање на влага и се оптеретуваат со непотребни хемикалии.

8.Уште една важна работа за одржување на чистотата на кујнските крпи е добро средство за отстранување на дамки. Пред да ги ставите на вообичаено перење, натопете ги дамките со средство и оставете да ги да отстојат барем 15 минути.

9.Ако крпата е многу валкана, потопете ја во врела вода и оставете да отстои преку ноќ. Можете да користите и избелувач. На тој начин че ги уништите сите дамки, а крпата повторно ќе биде блескава и мирисна.

10.Исто така можете да користете разредена мешавина од избелувач и натриум-бикарбонат за да ги потопите преку ноќ. Комбинацијата лошо мириса, па оставете ја да стои на отворено. Откако ќе ги исперете во машина и ќе ги стевете на сушење, па потоа повторно ќе мирисаат убаво.

11.Крпите перете ги редовно и секогаш чувајте ги на суво место. На тој начин ќе се намали можноста за ширење на микроорганизми.