Кристина се чешала насекаде по телото – еден коментар на фејсбук го спасил нејзиниот и животот на бебето

Кристина се чешала до крв, а еден коментар на ФБ и ги спасил нејзиниот и животот на бебето

-Еден пријател на Фејсбук и’ кажал дека можеби има холестаза.

Понекогаш, некој коментар од пријател на Фејсбук може да спаси нечиј живот. Бидејќи Кристина ДеПино се пожалила на оваа социјална мрежа дека чувствува неподнослив јадеж во текот на својата бременост, пријателот ја предупредил дека можеби има холестаза – хормонско пореметување кое го зафаќа мајчиното жолчно ќесе и може да влијае врз развојот на плодот – пишува today.com.

-Она што започна како чешање по цело тело, продолжи како уште поизразен јадеж по дланките и стапалата. Дојдов до момент кога повеќе не можев да спијам навечер – раскажува Кристина.

-Рацете и нозете ми беа крвави од чешање – наведува таа.

Тогаш таа била во 35.недела од бременоста со своето прво дете, а поради советот на пријателот отишла на лекар кој навистина констатирал дека боледува од холестаза, состојба која може да предизвика смрт на фетусот.

Лекарот сугерирал веднаш да предизвикаат провокации за пораѓај за да се спаси бебето.

ДеПино во 37.недела родила здраво девојче.

https://www.instagram.com/p/BRQL-GPg6th/

По овој настан, таа се обидува преку социјалните мрежи да ги предупреди сите бремени жени со слични симптоми да не чекаат туку веднаш да заминат на лекар.