Кремаст колач од рерна: необична кремпита која се топи во уста

Омилениот колач за многумина, можете да го приготвите на нешто поинаков начин. Пробајте ја кремастата кремпита од рерна!

Потребни состојки:

2 пудинзи од ванила

500-600 мл млеко

400 г немасно сирење или маскарпоне

5 лажици шеќер

5 јајца

1 шолја шеќер

1 шолја масло

1 шолја млеко

1 ванилин шеќер

500 г брашно

1 прашок за печиво

Малку путер

Постапка:

Според упатството на кесичката сварете го пудингот, а потоа во готовиот пудинг додадете го сирењето, измешајте и додадете 5 лажици шеќер. Потоа готовиот фил ставете го во фрижидер околу 20 минути да се стегне додека вие го приготвувате тестото.

Изматете ги јајцата па постепено додавајте шеќер, масло и млеко додека да добиете компактна смеса. Може да додадете и еден ванилин шеќер по вкус. Кога смесата е готова полека додавајте брашно (кое претходно сте го измешале со прашокот за печиво) и матите. Готовата смеса излејте ја во намастен плех со путер и израмнете.

Филот со пудинг ставете го во фишек – еднократна кеса и истискајте во паралелни ленти (и хоризонтално и вертикално) преку подлогата во плехот. Печете во рерна околу 35 минути, прво на 200 степени па намалете на 15о. Изладениот колач наросете го со шеќер во прав и сечете.