Крем од малини и бело чоколадо – брз летен и освежителен десерт

-Ова е брз, летен десерт, кој ќе ве заслади и разлади…

Потребни состојки:

250 г смрзнати малини

4 лажици кафеав шеќер

3 лажици густин

500 г крем сирење

4-5 лажици кафеав шеќер

100 г бело чоколадо

2 лажици мед

200 мл течен шлаг

½ кесичка желатин

Постапка:

Малините ставете ги во шерпа, наросете ги со шеќер и оставете ги да се одмрзнат. Лесно загревајте додека шеќерот да се растопи и кога ќе проврие, мешајки додадете густин разматен во малку вода, па оставете да излади. Крем сирењето ставете го во подлабок сад и добро изматете го со шеќер и мед, додека шеќерот да се растопи. Матејќи со миксерот додадете истопено бело чоколадо и набубрениот желатин.

Течниот шлаг добро изматете го и лесно со лажица соединете го со кремот. Во високи чаши или некој друг одговарачки сад, на дното стабете 2 лажици малини, преку тоа крем, па повторно малини и уште еден слој крем. Оставете во фрижидер да излади. По желба одозгора ставете изматена слатка павлака и една малина.