Потребни состојки:

8 јајца

200 г шеќер

200 г мелени лешници

За фил:

1 кесичка шлаг крем од чоколадо (можете и две ако сакате повисока)

125 мл млеко

3 лажици џем од сливи

Глазура:

200 г чоколадо за готвење

40 г путер

За украсување:

1 кесичка шлаг

100 листови или трошки од бадем (плодот исечкан на листови или крупно смелен)

Постапка:

Жолчките и шеќерот пенесто изматете ги, додадете мелени лешници и цврсто изматен снег од белки, па смесата излејте ја во калап обложен со хартија и печете 40 минути на 180 степени.

Цврсто изматете шлаг крем. Испечената кога пресечете ја на два дела, да добиете две кори. Првата кора премачкајте ја со џем, па преку неа нанесете фил. Прекријте со втората кора, лесно притиснете и пригответе ја глазурата.

Кога чоколадото ќе се растопи со путерот, прелијте ја тортата и оставете да излади. Тортата декорирајте ја со изматен шлаг и наросете листови од бадем.