Дали човештвото најпосле се приближи до лекот против рак?

Истражувањето на научниците од престижниот американски Универзитет Стенфорд, предводена од доктор Роналд Левиј, покажало дека вакцината против рак ги елиминирала туморите од глувчешките тела, дури и во фаза на метастазирање.

Вакцината била директно инјектирана во масата на туморот, со што биле успешно елиминирани сите траги на малигните клетки од телата на животинките, а би требало да биде успешна во лекувањето на многу видови царциноми, вклучително и оние кои се јавуваат спонтано.

Глувците миле генетски модифицирани за да можат спонтано да развијат тумори.

Вакцината имала успех и во елиминирањето на метастазираните клетки во телото, се наведува на официјалниот сајт на Универзитетот.

Научниците веруваат дека користењето на вакцината на локално ниво би можело да послужи како евтина терапија за рак, без нуспојави карактеристични за хемотерапија.

Вакцината се состои од два агенса, а глувците обично реагирале само после една доза, а најмногу после две дози од вакцината.

„Кога ги користиме овие два агенси, забележуваме елиминација на туморот ширум целото тело. Ваков пристап не бара да се пронајдат специфични мети зафатени со туморот и не бара целосна активација на имуниот систем, ниту менување на имуните клетки на пациентот“ – изјавил докторот по медицина и професор по онкологија на Стенфорд, Роберт Леви.

Според неговите зборови, вакцината се разликува од постоечката имунотерапија бидејќи таа се користи на локално ниво и се стимулираат само клетките зафатени со туморот, наместо на целото тело.

„Кај глувците, забележавме неверојатни ефекти ширум целото тело, вклучително и елиминација на туморот“ – изјавил Леви.

Во понатамошниот тек на истражувањето, се очекува дека вакцината ќе се тестира на 15 пациенти со лимфома, а доколку се покаже успешна, Леви верува дека вакцината ќе биде успешна во борбата против многу видови на тумор.

„не верувам дека постои ограничување со кое би можеле туморот потенцијално да го лекуваме“ – изјавил леви.
Истражувањето е објавено во јануарското издание на „Сајенс транслејшнел медисин“.