Колачиња од лиснато тесто: Волшебно утро – се топат во уста!

Потребни состојки:

 500 г лиснато тесто

1 литар млеко

10 јајца

4 ванилин шеќер

120 г брашно

200 г шеќер

500 мл  слатка павлака (хопла)

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките.

Белките изматете ги во цврст снег.

Лиснатото тесто поделете го на 4 дела (купечкото има две плочи од по 250 г, па секоја исечете ја на половина за да добиете 4 парчиња)

Секое парче исукајте го тенко со големина на плехот од шпоретот и премачкајте го со ¼ од белките, малку поросете со кристал шеќер и ставете да се пече додека да порумени. Тоа не треба да трае долго, туку само неколку минути бидејќи корите се тенки. На овој начин испечете ги сите 4 кори, посебно.

За крем: измешајте ги жолчките, шеќерот, ванилин шеќерот, брашното, па сварете ги во зовриено млеко како пудинг.

Изматете ја хоплата и додадете ја во изладениот крем.

Се реди: кора, крем, кора, крем, кора, крем, кора. Последната кора не се мачка.