Колач со 10 лажици ореви, јајца и пудинг, многу едноставен и многу вкусен – мора да го пробате

Потребни состојки:

5 јајца

180 г шеќер

200 г брашно

1 прашок за печиво

200 мл млеко

200 мл масло

10 големи лажици ореви

За крем:

500 мл млеко

1 пудинг од ванила

2 лажици брашно

250 г шеќер

250 г путер

Постапка:

За кора: прво изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло и млеко и на крај брашно помешано со прашок за печиво и мелени ореви (по потреба додадете уште малку брашно, проценете сами).

Смесата излејте ја во помал плех обложен со хартија, па печете на 180 степени.

За крем: сварете пудинг со брашно и шеќер во млекото. Изладете.

Путерот пенасто изматете го а потоа соединете го со изладениот пудинг.

Кремот поделете го на два дела.

Редење: кора, половина од кремот, кора, втората половина од кремот.

На крај наросете со мелени ореви.

loading...