Колач без јајца (ЦРНЕЦ БЕЗ ЈАЈЦА)

Фото и рецепт: Гордана Пецаковска

Потребни состојки:

500 г јогурт

2 шолји брашно

2 шолји шеќер

½ шолја масло

2 лажици какао

1 мало лажиче сода бикарбона

За фил:

150 г чоколадо за готвење

150 г млеко

5 лажици шеќер

2 лажици какао

250 г путер

Постапка:

Сите состојки се мешаат. Се пече во тепсија бр.30. Испечена и изладена се сече на коцки и се потурува со филот, само да не е многу жежок. Одозгора се ренда 100 г чоколадо.