Ова не се само убави, туку и вкусни префини кекси кај кои се преплетува вкусот на кокос и ананас. Ќе ве освојат со првиот загриз…

Потребни состојки:

250 г путер/маргарин

200 г шеќер

2 јајца

500 мл сок од ананас

300 г брашно

100 г кокосово брашно

½ лажичка куркума (или малку жолта боја во гел)

+100 г шеќер кристал

+100 г шеќер во прав

Постапка:

Путерот кој отстојал на собна температура се мати пенасто со шеќерот во прав. Во путерот се додава едно по едно јајце и добро се мати. Се додава кокос и брашно, се прелива со сок и сето добро се промешува. По потреба се додава уште малку сок.

Доколку сакате убава жолта боја, се додава малку жолта боја во прав или околу половина лажичка куркума во прав.

Тестото се покрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер најмалку на 4 часа во фрижидер, а може и преку ноќ.

Потоа од тестото кинеме помали парчиња, приближно големи колку еден мал орев и правиме топчиња кои ги валкаме во шеќер. Ова можете да го правите и со мала лажичка за да ви бидат сите приближно иста величина. Топчињата оставете ги во фрижидер најмалку 20 минути. Рерната ја вклучуваме на 170 степени.

Топчињата добро ги валкаме во шеќер во прав и ги редиме во плех обложен со хартија за печење.

Кексите ги печеме 12-15 минути. Кога ќе се испечат, ги оставаме да изладат.
Чувајте ги во лимена кутија.